style="display:inline-block;width:320px;height:100px"
data-ad-client="ca-pub-9385260288528351"
data-ad-slot="4958735429">

NAMIKO

MACEDONIAN
НАМИКО е специјализирана фирма за организација на настани. Организација на настани е наша основна дејност и професионална ориентација.

Фокусирајте се на Вашата примарна дејност која најдобро ја знаете и работите. Не губете драгоцено време и нерви во наоѓање и координирање на безброј поединци и фирми потребни за организација на настан од било кој вид.

Дозволете да го организираме Вашиот настан, да го запаметат сите Ваши учесници и гости, истовремено постигнувајќи Ваш личен и професионален растеж на Вашата фирма.

НАМИКО обезбедува професионални услуги во организација на конференции, семинари, симпозиуми, обуки или било какви настани на Вашата фирма.

Цел на секој собир кој опфаќа одредена група луѓе e задржување на вниманието на публиката, нејзино активно учество и помнење на презентираните податоци. Истражувањата покажуваат дека начинот на презентирање на информациите директно влијае на нивната перцепција, усвојување и помнење.

Интерактивната комуникација го премостува јазот меѓу презентерите и аудиториумот овозможувајќи моментална размена на мисли и идеи, што е невозможно со класичниот пристап.

Интерактивниот гласачки систем овозможува директно поврзување на презентерите и останатите учесници и обезбедува:

Брза и ефикасна интеракција со учесниците

Задржување на темите и целите на собирот

Ефикасно донесување одлуки на состаноци

Ниво на помнење од 80%

Моментално давање одговори и сумирање резултати

Интерактивниот гласачки систем го зголемува присуството на средбите, го задржува вниманието на учесниците, ја зголемува ефикасноста на состаноците и овозможува брзо донесување на одлуки, го подобрува помнењето и учењето.

(c) NAMIKO All Rights Reserved

Vendor Type: 
Hardware Reseller
Services: 
Purchase and Rental
Address: 
Анкарска 29а лок. 33, 1000, Скопје, Македонија
International Phone: 
(02) 30 64 64 7
Email: 
contact@namiko.com.mk
Website: 
http://www.namiko.com.mk/index.htm
Products: 
0
Your rating: None